Утрински Весник
Свет

Турски инфлуенсер пронајден мртов во урнатините, исмејуван на мрежите поради неговиот физички изглед

Турски инфлуенсер пронајден мртов во урнатините, исмејуван на мрежите поради неговиот физички изглед

Турскиот инфлуенсер Таха Дујмаз од Хатај беше пронајден мртов во урнатините по серијата разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Оваа вест ја расплака Турција, која се сеќава како младиот Таха бил изложен на насилство на социјалните мрежи, каде го исмевале поради финансиската состојба и физичкиот изглед.

dobivaj vesti na viber

Во Турција, Таха бил познат по своите кулинарски вештини, кои редовно ги споделувал со своите следбеници на мрежите. Безживотното тело на Таха е пронајдено во урнатините на зградата на неговата тетка во  Караманмарас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taha Duymaz (@tahaduymazz)

Младиот инфлуенсер, инаку, бил жртва на интернет насилство. Популарноста ја стекнал кога во скромна кујна почнал да  споделува со семејството рецептите од јадењата што ги правел. Тоа било доволно за поединци да го исмеваат дека е сиромашен.

Подоцна почнал да заработува и да го издржува семејството, но потоа истите луѓе почнале да го навредуваат поради неговиот физички изглед, поточно неговиот нос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taha Duymaz (@tahaduymazz)

Поради притисокот го оперирал и носот, но теророт на мрежите не престанал. Мета биле и неговите уши, кои исто така ги оперирал.

Можете да прочитате

Шпанскиот премиер Санчез бара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

„Старлинк“ објави прекин на услугата, илјадници корисници се погодени