Утрински Весник
Свет

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на американскиот долар

Turska Lira.png

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута денеска во 13:08 часот на берзата Forex се тргуваше за 32,44 лири.

Централната банка на Турција (TCMB) на 21 март одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка од 45 на 50 отсто, и покрај најавите во февруари дека каматните стапки ќе останат на исто ниво уште некое време.

Според неодамна објавените податоци на турскиот институт за статистика Туркстат, годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се забрза од 64,86 отсто во јануари на 67,07 отсто.

Инфлацијата во Турција во февруари беше највисока во последните 15 месеци.

На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 94,78 отсто, како и во образованието за 91,84 отсто, здравството за 81,25 отсто и превозот за 77,98 отсто.

Храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 71,12 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 63,09 отсто, а облеката и обувките за 43,44 отсто.

На месечно ниво, инфлацијата е повисока за 4,53 отсто во однос на јануари.

Годишната стапка на базичната инфлација во Турција исто така забрза од 70,48 отсто во јануари на 72,89 отсто во февруари.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk