Утрински Весник
Балкан

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Zlato.webp.webp

Турската рударска компанија „Ермаден“ соопшти дека открила наоѓалиште на злато со резерви над 420.000 унции во близина на градот Сивас, во централниот дел на Турција.

„Како резултат на интензивните и континуирани истражувања во наоѓалиштето Алаџахан кај Сивас, ‘Ермаден’ откри значителен потенцијален ресурс од 424.000 унции злато. Ова го сметаме за прв и важен плод на нашата стратегија и посветена работа,“ се наведува во изјавата на претседателот на управниот одбор на компанијата, Мурат Јалчинташ.

При моменталните цени на златото од околу 4.000 долари по унција, вкупната вредност на откриеното злато се проценува на околу 1,7 милијарди американски долари.

Можете да прочитате

Брнабиќ најави брзо конституирање на новото Собрание на Србија, датумот сè уште не е објавен

Двајца загинати во превртување автобус со српски таблички во Хрватска

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“