Утрински Весник
Свет

Турција преговара за отстранување на пречките за плаќање за руските производи

Спроведување на делот за Русија за да се продолжи договорот за жито, бара Москва

Турција со посредство на ОН преговара со САД и со Обединетото Кралство за отстранување на пречките за плаќање руските производи чиј извоз е планиран како дел од договорот за жито, тврди за „Спутник“ извор запознаен со разговорите.

dobivaj vesti na viber

Претходно овој месец, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека договорот за жито е продолжен до 17 јули без никакви промени, но ако за два месеци не се решат сите проблематични прашања од иницијативата, тој ќе биде раскинат по 17 јули.

Од министерството посочија дека постојат пет системски задачи што треба да се решат во рамките на меморандумот Русија-ОН, вклучително и повторното поврзување на Руската земјоделска банка со системот SWIFT и одмрзнување на имотот на руските компании.

„Во моментов, заедно со ОН, преговараме со западните земји, главно со САД и Обединетото Кралство, за да се отстранат пречките во финансиските трансакции кога руските производи ќе добијат пристап до светските пазари. Процесот е тежок, но преговорите продолжуваат. Можам да кажам дека постои разбирање дека тоа е неопходно за непречено функционирање на механизмот“, вели изворот на „Спутник“.

Договорот за жито беше постигнат со посредство на ОН и Турција во јули 2022 година за да се олесни извозот на украинските земјоделски производи од пристаништата на Црното Море за време на непријателствата што започнаа во февруари истата година.

Пакет-договорот вклучува и меморандум за разбирање меѓу Русија и ОН за деблокирање на извозот на руско жито и вештачко ѓубриво преку Црното Море, што, според Москва, не е оспочитувано поради западните санкции.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади