Утрински Весник
Свет

Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг

Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг
Dik 300x250 mk

Турција денеска го повика холандскиот амбасадор во Анкара на разговор во врска со протестот што се одржа во неделата во Хаг, а на кој беше искината копија од муслиманската света книга Куранот, соопшти министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

„ Амбасадорот на Холандија во Анкара беше поканет во нашето министерство и ние го осудивме и протестиравме овој грозоморен и одвратен чин и баравме Холандија да не дозволи такви провокативни акти“, се вели во соопштението.

Беше објавено дека „одвратниот чин“ во Холандија, по Шведска, каде што беа навредувани светите вредности на исламот, е „злосторство од омраза“ и дека е јасен показател дека „исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, наведува британската агенција.

Откако копија од Куранот беше запалена во саботата на протестот во Стокхолм, Турција ѝ кажа на Шведска дека не треба да очекува поддршка за нејзината кандидатура за членство во НАТО.

Не беше првпат екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, кој го предводи данското антиисламско движење Страм Курс (тврдокорен), да го запали Куранот.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија