Утрински Весник
Свет

Турција: Хеликоптерот на Раиси немаше сигнален систем

Ebrahim Raisi.jpg

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан немал сигнален систем или не бил вклучен, соопшти денеска турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.

Тој им рече на новинарите дека Иран спаѓа во областа на одговорност на Турција за итен одговор, поради што турските власти проверуваа дали има сигнал по извештаите за соборениот авион.

„Но, за жал, (мислиме) дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој систем, бидејќи во спротивно сигналите би биле забележани“, рече Уралоглу.

Хеликоптерот со претседателот Раиси и Абдолахиан се урна вчера во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица,

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж