Утрински Весник
Македонија

Тупанчевски: Иницијативата за референдум има правни аномалии

Тупанчевски: Иницијативата за референдум има правни аномалии

Поднесената иницијатива за распишување референдум има прилично многу правни аномалии, правни недостатоци кои ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на замислена цел, смета министерот за правда Никола Тупанчeвски. Одговарајќи на новинарски прашања денес на промоцијата на Националната стратегија за правда за децата, министерот потсети на надлежностите за договорот со Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„ Да не заборавиме уште еден сегмент, единствени надлежни во државата кај нас а и во меѓународното право за потпишување, за склучување меѓународни договори се претседателот на државата и Владата на државата која го потпишува меѓународниот договор. Да не заборавиме дека меѓународното право по многу работи се разликува од националното право во однос на комплементарноста. Ќе мора задолжително да се почитуваат обврските кои се преземени од меѓународните договори, а начинот на кој може, евентуално, да биде раскинат тој договор, сигурно е дека за тоа не е надлежно Собранието на Република Северна Македонија“, рече министерот Тупанчевски.

Начинот на кој се настојува да раскинување на договорот, министерот Тупанчевски објаснува дека е несоодветен.

„ Процесот за дератификација никаде не е регулиран со национален пропис. Обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорот се меѓународни обврски и начинот на откажување или суспендирање на таквите обврски не може да биде со законот за распишување референдум, односно со начинот на кој се предлага. Оваа иницијатива има сериозни аномалии, дефекти за остварување на замислената цел. Склучувањето на договорот е во надлежност на претседателот односно Владата на државата која го потпишува, Нема посебна регулатива во однос на тоа како може да се раскинуваат договорите, меѓутоа ќе го кажам моето лично мислење, во договорите кои се потпишуваат меѓународно и се ратификувани, во самите договори постои начинот на кој може да се раскине договорот. Меѓународните договори претставуваат еден вид на сепаратно право кои ја регулираат материјата на кој начин може да биде еднострано откажан или повлечен од обврските кои произлегуваат од договорот“, објасни министерот Тупанчевски.

Тој нагласи дека неговото мислење, како министер за правда нема посебно значење за оние кои можат да го раскинат договорот со Бугарија.
Во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија во членот 13 стои дека секоја договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање писмено известување до другата договорна страна и дека договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото барање.

Можете да прочитате

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

И синот на Филипче матурант: “Животот ќе ти зависи од одлуките кои ги носиш”

Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори