Утрински Весник
Свет

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

Претседателот на Русија рече дека односите меѓу Русија и Иран се развиваат на сите полиња и посочи дека трговскиот промет минатата година е зголемен за 81 отсто, а во првите пет месеци од годинава за уште 30 отсто.

dobivaj vesti na viber

Работата на нов голем договор меѓу Русија и Иран е во завршна фаза и тој документ ќе го означи преминот на односите меѓу двете земји на ниво на стратешко партнерство, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот Иранскиот колега Ибрахим Раиси на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд.

Путин, исто така, најави дека следната недела во Иран ќе отпатува руска деловна делегација, во која ќе има претставници на околу 80 компании, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт

Трамп: Ормуска Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците