Утрински Весник
Македонија

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!
300x250 (7)

Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први”. На идните студенти им посака да имаат среќна и успешна година, да го искористат својот потенцијал, да бидат креативни.

dobivaj vesti na viber

„ Старите Римјани рекле „Festinа lente“. Брзајте, но бавно, пополека – кон вашата цел, а тоа е кога ќе завршите со ова поглавје, еден ден да станете истакнати правници, адвокати, судии, обвинители, новинари, професори, политолози, па и политичари. Тоа ќе го постигнете само со учење. Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете! Знаењето никој, никогаш не може да ви го одземе! А многу брзо ќе дојде времето кога кормилото ќе дојде во ваши раце и знаењето ќе треба да го примените во пракса”, им порача на идните студенти министерот за правда Никола Тупанчески.

Ss1

Оваа генерација на студенти се разликува од претходните. Новиот стил на живот, рече Тупанчески, а посебно условите кои се наметнаа во изминативе неколку години, доведоа до тоа студентите да бидат постојано присутни и активни на социјалните мрежи, па дури и дел од процесот на образование да го следат по видеоконференциски пат.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за вториот круг на претседателските избори

Кузеска: Уверени сме дека граѓаните и денес и на 8 мај ја поддржуваат европската иднина за Македонија

СДСМ: Демократски изборен ден во фер и демократска атмосфера