Утрински Весник
Спорт

Тухел повеќе не е тренер на Челси

Тухел повеќе не е тренер на Челси

Германскиот стручњак Томас Тухел повеќе не е менаџер на Челзи. На официјалниот сајт на „сините“ тие му се заблагодарија на Тухел, порачаа дека со право ќе има место во историјата на Челзи како освојувач на Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство и додадоа:

dobivaj vesti na viber

„Сините“ лошо влегоа во новата сезона, имаат два порази во Премиер лигата, а капката што ја прели чашата беше поразот од Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите. Во Премиер лигата имаат десет бода од шест кола.

„Поминаа речиси 100 дена од доаѓањето на новото раководство, новите сопственици веруваат дека сега е вистинското време да се направи оваа промена“, стои во дел од клупското соопштение.

Исто така, се наведува дека клубот нема да се огласува додека не најде нов менаџер.

Некои медиуми во Британија велат дека менаџерот на Брајтон, Греам Потер е еден од главните кандидати за испразнетото место, но се уште е рано да се прогнизира кој ќе го наследи Германецот.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи