Утрински Весник
Спорт

Тухел бара утеха во нови засилувања: Баерн тргнува по Деклан Рајс

Тухел бара утеха во нови засилувања: Баерн тргнува по Деклан Рајс

Баерн Минхен е на прагот да ја загуби доминацијата во Бундеслигата. Пол – позицијата за шампионскиот трофеј пред последното коло ја има Борусија Дортмунд и со триумф ќе стане нов првак на Германија. Сепак, тоа само дополнително ќе ги мотивира луѓето на „Алијанц арена“ да работат повеќе за следната сезона.

dobivaj vesti na viber

Томас Тухел ќе добие доверба од раководството и ако не ја освои титулата, а тој веќе се изјаснил дека сака две екстра засилувања, едно во средниот ред, како и нов напаѓач.

Германскиот стратег го посакува Деклан Рајс од Вест Хем на „Алијанц арена“ и тоа веќе му го соопштил на спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

За Рајс постои огромен интерес и од англиските премиерлигаши, во трката се Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед, но раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе во Бундеслигата. За тоа задоволство ќе треба да издвои околу 120 милиони евра.

 

Можете да прочитате

Американците пријавија НБА-дрим тим за Игрите во Париз

Раул Гарсија ја завршува својата фудбалска кариера

Надал го потврди настапот во Барселона: Сакам да си дадам шанса