Утрински Весник
Македонија

Трпковска е избрана во АЕК како професионалец, велат од ЗНАМ

Maksim Znam.jpeg

ЗНАМ реагира дека сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, е избрана да биде член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации со потребните квалификации.

Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража, а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија. На нејзината фирма адвокат и бил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Таа ќе добива 2.700 евра месечен надоместок во АЕК. Според СДСМ, Трпковска имала блиски семејни релации со Тошковски, а власта го прекршува Законот за електронски комуникации.

„Навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации. Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд како што самата напишала во биографијата.

Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам „посебни знаење од областа на електронските комуникации. Станува збор за целосно некомпетентен човек , без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција“, реагираше СДСМ.

Денеска, пак, реагираше ЗНАМ, од каде велат дека новата членка на АЕК ги има потребните стручни квалификации.

„За членот на Комисијата на АЕК Анкица Трпковска, која очигледно им е трн во око на посетителите на журки по Дубаи, нема никакви спорни моменти во врска со нејзиниот избор.

Таа ги исполнува сите услови од конкурсот, за што има доставено потребна документација: соодветно образование од областа на правните науки, двојно поголемо работно искуство од законското барање како консултант во фирми што се занимаваат со телекомуникациите и над 20-годишно искуство во управување со сериозни и успешни компании во државата. Толку за избраниот член на АЕК.

За крај, би сакале да ја потсетиме јавноста дека за парцелата пред Собранието за кое се зборува во прес-конференцијата на СДСМ, одобрението за градба го има потпишано нивниот поранешен нај неуспешен градоначалник на Центар и кандидат во најава за следните локални избори, Андреј Жерновски“, стои во реакцијата на ЗНАМ.

Можете да прочитате

Димевски: Има многу мерки за намалување на аерозагадувањето, но дел од нив не се популарни за политичарите

НАЈНОВА МЕТЕО НАЈАВА: Променливото време во Македонија ќе продолжи, нема на повидок поголемо затоплување на времето!

Вечерва нова епизода од подкастот ЗРАК со Д-р Марина, се зборува за аерозагадувањето