Утрински Весник
Свет

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот

20260530182540 big 730x400 63.webp.webp

Американската војска повторно бомбардираше брод за кој се тврди дека го користеле нарко-банди во Пацификот, јави ДПА.

Врз основа на разузнавачки информации се претпоставува дека бродот наводно се користел за трговија со дрога и се движел по позната рута за шверцување дрога во источниот Пацифик, денеска објави Јужната команда на САД (Southcom) на Икс.


Тројца мажи, опишани од војската како „нарко-терористи“, наводно биле убиени во нападот во петокот. Нема повредени американски војници.

Од минатата есен, претседателот Доналд Трамп постојано наредува напади врз бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога во Карибите и Пацификот, потсетува германската агенција.

Вашингтон го наведува фактот дека нарко-картелите се означени како терористички организации од страна на американската влада како законска основа за нападите.

Само пред неколку дена, имаше сличен напад врз сличен за кој постоеше сомнение дека шверцува дрога во регионот, потсетува ДПА

Можете да прочитате

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Нападната воена база во Кувајт, ранети американски војници

Украина: Уништивме два руски авиони и еден ракетен систем