Утрински Весник
Македонија

Тркалезна маса на тема „Отпад и пакување од отпад“ во Скопје

20240829174439 Big 730x400 16.webp.webp

Во Скопје денеска ќе се одржи втората и финална тркалезна маса на тема отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои сè уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во државата.

На настанот, кој го организира здружението „4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје, најавено е присуство на заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година.

– Наш придонес кон оваа тема ќе биде понуда која нуди конкретно решение за собирање, селекција и преработка не скоро па целиот композитен отпад кој во моментов не е предмет на економски исплатлив процес во нашето општество, па и пошироко, велат од здружението.

На настанот, како што информираат организаторите, гостинот и експерт од Република Србија ќе демонстрира изработка на краен 100 отсто еколошки производ од непосакуваниот композитен отпад кој во овој момент е огромен проблем за сите нас во општеството.

Можете да прочитате

Влада: По една деценија, од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа

Променливо облачно со сончеви периоди

Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките