Утрински Весник
Свет

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, настанала поради прекумерно консумирање алкохол и трки со автомобили, дознава Klix.ba.

dobivaj vesti na viber

Информациите на медиумот се дека херцеговскиот бизнисмен Мате Приморац кој управувал БМВ, загинал додека се враќал од крштевка со пријател. БМВ-то и мерцедесот се тркале, а кај возачот на мерцедесот по несреќата биле измерени 2,5 промили алкохол во крвта.

Колку брзо возеле најдобро покажува глетката на автомобилите кои по несреќата беа целосно опустошени.

Возеле од правец на Мостар кон Чапљина, а во градот Буна-Затон во близина на каналите убија цело семејство кое патувало од спротивниот правец.

Во несреќата во автомобилот „рено сценик“ загина брачниот пар Крстиќ од Мостар, со деветгодишниот син, додека нивната тригодишна ќерка се здобила со повреди, а за неа се борат лекарите во мостарската болница.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците од возилото „бмв“ Љ.М.(1987), Р.В.(1977) и К.Ј.(1998).

Можете да прочитате

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади

ЕУ постигна начелен договор за користење на замрзнатите руски средства за Украина

САД суспендираа испорака на бомби за Израел