Утрински Весник
Скопје

„Трите самовили го Бараат Дедо Мраз“ – музичко-сценска изведба во „Литература“

20241226180326 Big 730x400 56.webp.webp

Во продукција на „Музичка кутија“, денеска во Скопје ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“.

„Музичка кутија“ е нова продукција којашто се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од 5 до 13 годишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) и избор од класична музика наменета за камерни ансамбли. 


„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“, која ќе биде изведена во „Литература“ во Дајмонд мол, е претстава којашто ќе се реализира со жива изведба на новогодишни песни изведени на лимени дувачки инструменти од страна на професионални музичари. Приказната зборува за трите неодоливи самовили – Муза, Нота и Песна, кои тргнуваат во потрага по Дедо Мраз, но тој е поблиску отколку што тие мислат.

Додека го бараат, се случуваат неочекувани и волшебни моменти што ќе ги воодушеват најмалите. Приказната е полна со едукација, забава и инспирација. 

Можете да прочитате

Овој дел од Скопје утре без вода – ќе се санира дефект

Комунална хигиена во 2024 собрала над 22.000 кубни метри отпад од диви депонии

Утре без вода една улица во општина Карпош