Утрински Весник
Македонија

Презентација на постер насловен „Зборуе Радио Скопје“ за 80-годишнината на Македонското радио

20241226175756 Big 730x400 86.webp.webp

По повод 80-годишнината од почетокот на работата на Македонското Радио денеска во Скопје ќе биде презентиран пригоден свечен постер насловен „Зборуе Радио Скопје“.

-На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска штампа, 5060 и Фликер студио, го претставува пригодниот свечен постер во авторство на македонскиот ликовен уметник Иван Ивановски, едноставно насловен „Зборуе Радио Скопје“. Се работи за графика во сито печат техника, достапна во ексклузивен лимитиран тираж, информираат од Радио 103 кои ја организираат промоцијата.


„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“, додаваат оттаму,  се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Овие зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. 

Покрај промоцијата на постерот, вечерта ќе биде пуштан широк спектар на македонска музика во сите правци, архивски материјали, теренски снимки, но и досега необјавени материјали.

Можете да прочитате

Роми во злокуќани повторно малтретираат коњ (ВИДЕО)

Еве од каде Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Доналд Трамп (ФОТО)

Утре (вторник) брз влажен и ладен бран ќе ја зафати нашата Македонија