Утрински Весник
Магазин

Трите најпопуларни туристички дестинации во 2024 година – Грција втора

Grcija Kafic Restoran 960x640 1.jpg

Според „Травел локал“, Костарика, Грција и Виетнам ќе бидат најпопуларните туристички дестинации во 2024 година.

Туристичката компанија ги анализирала податоците за резервации за да ги открие најпопуларните дестинации, како и најдобриот месец за нивна посета.

Грција

Грција е прогласена за втора најпопуларна дестинација за посета, а интересно е што најдобро време за одмор во таа земја е октомври.

„Октомври е совршено време за посета на Грција бидејќи е надвор од шпицот на сезоната, така што има многу малку метеж и исто така е многу подостапно. Времето е сè уште топло и идеално за истражување и запознавање на автентичниот грчки живот“, според „Травел локал“.

Додека повеќето туристи во Грција се упатуваат кон места како Миконос, Санторини и Крит, има многу други помалку познати дестинации за посета, вклучувајќи го и полуостровот Пелион, каде што локалното население е познато дека летува.

Сместен помеѓу Атина и Солун, полуостровот Пелион излегува на Егејското Море и е дом на над 70 шармантни села и многу песочни плажи, според „Сан“.

Костарика

Сан Хозе е едно од најпопуларните туристички места во Костарика, каде што се среќаваат посетители од целиот свет. Тој е и нејзин главен град, а преплавен е со места од историско, уметничко и културно значење.

Доколку планирате патување во Костарика, задолжително посетете ги: Мануел Антонио, Ла Фортун во Сан Карлос, каде што се наоѓа познатиот вулкан Тамариндо, кој се карактеризира со прекрасни плажи и многу опции за спортови на вода.

Виетнам

Дестинација што не се пропушта во Виетнам е дефинитивно Ханој, кој е еден од најстарите градови во Југоисточна Азија, основан уште во далечната 1010 година под името Танг Лонг – змејот што расте.

Сепак, убедливо најпопуларната дестинација во Виетнам е заливот Халонг. Се наоѓа на североистокот на Виетнам во Јужното Кинеско Море, а исто така е на списокот на светското наследство на УНЕСКО.

Се карактеризира со повеќе од 3.000 нереални острови и магичен подводен свет.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“