Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост” 

Image 2026 01 31 134952723.png

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски преку својот фејсбук профил соопшти дека е обезбедена финансиска поддршка од 6.000.000 денари за ревитализација на езерото „Младост”.

„Денеска извршив увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост”, кое се чисти за првпат по 60-тина години.

Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост”, во соработка помеѓу АД „Водостопанство” и ЈПВ „Лисиче” – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство. 

Работиме на ревитализација на езерото „Младост”, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода“, соопшти Трипуновски.

Можете да прочитате

Две телефонски измами врз повозрасни лица во Штип

Мицкоски ја осуди пресудата против новинарката Љиридона Вејсели

Во гостиварско Дебреше, внук го пронашол вујкото мртов во шахта