Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали Жан излезе со клевета за Филипче за власта да го повлече Кедев

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Сашко Кедев се повлекол од комисијата за на еден од најстрашните скандали во македонското здравство, со непотребни операции на срце направени во приватни клиники.

За овој скандал, од објавувањето до денеска нема ништо, никој не одговарал.

Не се објавени инволвираните, лекарите, кои се приватните клиники. 

Се крие од јавноста . И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава.

Дали Жан Митрев излезе со клевета за претседателот Филипче, за власта да го повлече Кедев?

Ова ли е цената што треба сите да ја платат за да се заштити Жан Митрев од одговорност?

Каде е Жан?

Дали се чекаше ова? Да добие време да се извлече, да избега, да се сокријат трагите?

За ваков скандал никој нема право да молчи и да калкулира.

Нашата порака е дека ќе одговарате, сите до еден.

Можете да прочитате

Миноски: Без просветителство, народот станува лесен плен на манипулатори

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Се бара притвор за дилер од Тетово