Утрински Весник
Македонија

Трипуновски од Кавадарци: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

Cvetan tripunovski 13.07.2025.jpg
Dik 300x250 mk

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Она што сакам да го соопштам е рекордната цена во делот на откупот на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка. Вранецот ќе изнесува 21,3 денари по килограм, Смедеревката ќе изнесува 18,9 денари по килограм”, посочи министерот.


Во текот на својата изјава, министерот додаде дека се постигна рекорд во делот на лозаропроизводството.

„Како Влада покажуваме дека сме различни во пристапот, го вреднуваме и цениме трудот на македонскиот земјоделец. Во наредните години ќе биде уште подобро”,појасни тој.

Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.

Можете да прочитате

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво