Утрински Весник
Македонија

Oсум лица во струмичко казнети поради непочитување на забраната за движење во шуми

Suma.webp.webp

На 12.07.2025 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во шумски предели на подрачје на Струмица биле преземени мерки и активности со цел утврдување дали од страна на граѓаните се почитува донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 01.07.2025 година, а ќе трае до 31.08.2025 година.

При контролата биле откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во шуми, издадено од ЈП „Национални шуми”.


За преземените мерки од страна на СВР Струмица е известена Шумската полиција Струмица, која е надлежна за понатамошно поведување на постапка против лицата, согласно член 57 став 3 од Законот за шуми.

Можете да прочитате

Такси се заби во оградата на мостот на булевар „Србија“

РСБСП: Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност

Воскреснување без докажана штета: Вишото ЈО повторно го отвори „Мазут“