Утрински Весник
Македонија

Трипуновски од Делчево: Продолжуваме со кампањата што ја започнавме, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците 

Thumbnail zemjodelec niva.jpg

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со земјоделците во општина Делчево, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”.

„Денеска сме повторно на терен, овде во Делчево, на средба со земјоделците. Продолжуваме со кампањата што ја започнавме како ресорно министерство, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците. Оваа трибина е со цел за да ги презентираме досегашните резултати, тековните активности на Министерството, но и да го слушнеме гласот на земјоделците од оваа општина”, истакна министерот.


Тој додаде дека ваквите средби ќе продолжат и во наредниот период и во другите делови низ државата.

„Оваа кампања е од особено значење за нас како институција, бидејќи преку непосредна комуникација можеме да креираме правилни и отворени политики, кои се во интерес на македонското земјоделско производство”, појасни министерот Трипуновски.

Можете да прочитате

Николоски и Трајановски доцна вечерва на терен: Од утре ја пуштаме во употреба клучка Требениште на автопатот Охрид – Кичево 

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око