Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Наскоро ќе биде објавен Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа 

20241215170543 Big 730x400 41.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Аграр”.

„Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа”, најави министерот.


Министерот Трипуновски додаде дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.

„Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста”, истакна министерот.

„Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи”, посочи тој.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе