Утрински Весник
Економија

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Slika 05.09.2025.jpg

„Денеска една од главните теми на разговор беше кампањата која ја започна Министерството и Владата, „Македонско најдобро”. Разговаравме за досегашните активности во рамките на промоцијата на кампањата и за следните чекори кои ќе ги преземеме во наредниот период”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

„Радува фактот што Стопанската комора изрази сериозна поддршка за кампањата „Македонско најдобро”. Нашата цел е да ја раздвижиме домашната економија, да ги помогнеме компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, и да им одадеме признание и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи”, појасни министерот.


Тој во својата изјава посочи дека македонските земјоделци претставуваат основа во производството на храна.

„Наредната недела Управниот одбор на Стопанската Комора ќе донесе акт со кој ќе се даде сериозна поддршка на кампањата. Со заедничко делување ќе успееме со оваа кампања да ја раздвижиме домашната економија”, истакна министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека според податоците со кои располага Министерството, успешно тече регистрацијата на индивидуалните земјоделци, на преработувачите и на маркетите на дигиталната платформа makedonskonajdobro.com.mk.

„Една од нашите цели од оваа кампања е производите кои ќе се произведуваат и продаваат од македонско потекло да го имаат логото на кампањата „Македонско најдобро”. Во наредниот период ќе останеме во континуирана комуникација со Стопанската комора за заедно да ги надградуваме добрите идеи и идните активности, се со една цел – да вродат со позитивен економски плод”, заклучи министерот.

Можете да прочитате

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти