Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Исплатени се 75.640.400 денари субвенции кон 1.609 земјоделци

Iz Ava Cvetan Tripunovski 03.07.2024.jpg

Исплатени се субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Денес се исплатени 75.640.400  денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. Остварено е уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци, изјави Трипуновски. 

Можете да прочитате

Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје

Додека расте цената на горивата сè поскапува, но по намалувањето никогаш не се враќаат во нормала

Две млади лица тешко повредени во сообраќајка кај Неготино