Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион

Czvetan tripunovski.jpg

„Денеска сум на работна посета во струмичкиот регион со цел да направиме увид на откупот на пролетната зелка”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Моноспитово, општина Босилово.

„Изминатиов период одржавме безброј состаноци со земјоделците и со откупувачите, за да денеска имаме насмеани лица на земјоделците. Имаме одлична цена во делот на пласманот на пролетната зелка што одамна се нема случено ваков девизен прилив во струмичкиот регион”, појасни министерот.


Тој посочи дека цената на пролетната зелка не падна под 35 денари. Целиот откуп заврши во просек од 43 денари за килограм што претставува фантастична цена.

„Оваа реколта ќе заврши со некаде околу 40.000 тони очекуван род. Пресметано во средства значи дека во струмичкиот регион ќе влезат околу 30 милиони евра од извозот на пролетната зелка”, нагласи Трипуновски.

Тој посочи дека договорот помеѓу откупувачите и земјоделците вроди со успешни резултати.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски