Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Целта е да се набави домашна храна во стоковни резерви за потребите на државата

20250124192147 big 730x400 11.webp.webp

„Она во минатото што го зборував, денеска го практикувам, а тоа е во земјоделството да се превенираат ситуациите, да се затворат отворените прашања и да се решаваат сите спорни моменти кои што се појавиле”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во своето интервју за „Бразди” на Канал 5 телевизија.

„Ние во моментот работиме на измена на Законот за вино, каде што превенираме несакани ситуации кои што би се јавиле во делот на откупот на грозјето, иако сме неколку месеци пред да започне откупот. Ние работиме да го дефинираме процесот на откупот, правилата на игра, а тоа во минатото не било пракса”, посочи министерот.


Тој додаде дека и во делот на тутунот исто така се работи на измена, иако до започнување на откупот на тутун има уште 6-7 месеци.

„Во делот на жетвата која што за месец и половина од сега ќе се случи, согласно ветувањето за стоковните резерви, мојата замисла е да се полнат со сопствено производство. Според досегашните правила на игра, согласно Законот за јавни набавки, Агенцијата за стоковни резерви распишува повик и влегува производ како пченица надвор од нашата држава, а домашното производство останува неоткупено. Веќе во финална фаза е измената на Законот каде што се редефинираат правилата за набавка на стоковни резерви”, појасни министерот Трипуновски.

Министерот истакна дека целта е да се набави домашна храна за потребите на државата во стоковни резерви. Тука првата апликација ќе биде во делот на пченицата и во делот на оризот.

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците