
Денеска сме меѓу граѓаните на Гостивар. Ситуацијата е сериозна, над 1.500 граѓани се со симптоми, најмалку уште 5.000 граѓани кои не се јавиле на лекар. Околу 30% од населението е загрозено.
Ова е сериозна здравствена ситуација која бара брза и одговорна реакција од институциите.
Епидемиолозите, алармираат дека треба да се прогласи епидемија.
Општинските организации на СДСМ од целиот регион се мобилизирани, се ставаме на располагање на гостиварчани да им помогнеме колку што може.
Поделивме и поголема количина на флаширана вода.
Не е ова тема за терање политика, како што тоа го прави ВМРО.
Наместо да се фокусираат на прогласување на епидемија, помош на граѓаните и решавање на проблемот со водоснабдувањето, ВМРО продолжува со истата пракса – да префрла одговорност на други и да прави политички поени од туѓа несреќа.
СДСМ нема никаква врска со управувањето на градот и ние нема да дозволиво оваа тема ВМРО да ја злоупотребува.
Граѓаните на Гостивар во овој момент се згрозени од нивните политички игри. Граѓаните очекуваат одговорна власт која ќе се занимава со нивното здравје, а не со напади врз опозицијата.
Ова е момент сите да бидеме обединети и заеднички да им помогнеме на граѓаните во овие тешки околности. Да се вклучиме сите и да им помогнеме на граѓаните на Гостивар.
Повикуваме на силна институционална реакција, прогласување епидемија, решенија, помош за граѓаните а потоа и одговорност.
Мора да има соодветна истрага и одговорност без разлика за кого станува збор.

