РСМ НУ Македонски народен театар – Скопје има чест да Ве покани на трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“.
![]()
Настанот ќе се оддржи на 03 април 2023, понеделник, во 12:00 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар – Скопје, по повод 78 години од првата премиера на театарот.

Модератор на трибината е проф д-р Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе говорат и самите автори Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, кој е режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ.

На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е Чорбаџи Теодос, премиера: 16.08.1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега над 400 поставени/обновени претстави, над 100 се дела на македонски автори од различни генерации.
![]()
Целта на оваа трибина е да се прикажат авторите од различни генерации чии дела, во континуитет, постојано се прикажуваат на сцената на театарот.
![]()
Тоа се меѓу останатите Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски и други.
ПР



