Утрински Весник
Магазин

Три вида овошје што треба да ги јадете секој ден

Banana Malina.jpg
Ss2

Овошјето е полно со витамини, влакна и антиоксиданси, а идеално е да се јаде секој ден и неколку пати на ден. Иако секој вид овошје е добро и суштинско за поздрава исхрана, одредени видови може да го максимизираат внесот на хранливи материи. Нутриционистот Џејмс Викерс издвои три вида на овошје кои треба да ги јадеме секој ден, бидејќи се нутритивно многу здрави и хранливи и можат значително да ја збогатат исхраната.

Малини

300x250 (7)

Како прва, многу здрава и нутритивно богата храна, нутриционистот ги издвои малините. „ Многу луѓе не го знаат ова, но малините се едно од најбогатите овошја со растителни влакна што можете да ги јадете како дел од здравата исхрана. Тие имаат одлични заштитни својства кои можат да помогнат во заштитата на вашите клетки од оштетување, како што се магнезиум, витамин К и витамин Ц“, тврди нутриционистот.

Меѓутоа, ако малините не се вашето омилено овошје, можете да изберете друг вид на бобинки, како што се јагоди, капини, боровинки или црни рибизли. Викерс препорачува консумирање на една чаша одбрано овошје дневно.

Банани

Бананите се омилено овошје кое е добар извор на пектин, растворливи влакна есенцијални за здравјето на цревата. Исто така, скробот во бананите има пребиотик ефект кој може да го поттикне растот на добрите бактерии во цревата, пренесува Express. Освен со влакна, бананите се познати и по други хранливи материи.

„Кога станува збор за есенцијалните микронутриенти, бананите содржат и калиум, кој може да помогне да се одржи поздрав крвен притисок и добро здравје на срцето“, истакнува Викерс.

Сливи

Последното овошје кое според нутриционист треба често да го јадеме се сливите. „Со висока концентрација на антиоксиданси, додавањето на ова овошје во исхраната може да му помогне на телото да се бори против штетните соединенија познати како слободни радикали. Слободните радикали се поврзани со здравствени состојби како што се дијабетес и рак, а редовното консумирање сливи може да ги намали шансите за развивање на болеста“, посочува тој

Освен тоа, нутриционистот истакнува дека сливите се овошје кое содржи малку шеќер, што ги прави одлична опција за оние кои сакаат подобро да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Ss1

Можете да прочитате

Вишната го намалува крвниот притисок

Дејвид Бекам ја изнесе на грб сопругата Викторија од роденденската забава

Една од најпопуларните атракции во Барселона „избришана“ од Гугл и Епл Мапс