Утрински Весник
Македонија

Три српски државјани повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Битола

Soobrakajka.jpg

На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и 15 годишен малолетник двајцата од Белград, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека пак, другиот возач и неговиот сопатник М.В.(31) од Битола се здобиле со телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Тепачка на семејна веселба во село Броштица, приведени пет лица

Спасено повредено лице од непристапен терен на Пелистер

Скопјанец ја натепал сопругата и нејзината мајка