Утрински Весник
Свет

Три крстосувачки ракети поминале низ воздушниот простор на Молдавија: Итно повикан рускиот амбасадор

Три крстосувачки ракети поминале низ воздушниот простор на Молдавија: Итно повикан рускиот амбасадор

Молдавија денеска објави дека три крстосувачки ракети истрелани од Русија кон Украина поминале низ нејзиниот воздушен простор.

dobivaj vesti na viber

Затоа, според извештаите, на разговор бил повикан рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Васнецов.

„ Три крстаречки ракети лансирани кон Украина утринава од руски бродови во Црното Море поминаа низ воздушниот простор на Молдавија. Наредив да се повика рускиот амбасадор да даде објаснување“, објави молдавскиот министер за надворешни работи Нико Попеску на Твитер.

Васнецов во четвртокот беше повикан на разговор во молдавското Министерство за надворешни работи, кога беше информиран дека Кишињев нема да ги признае резултатите од референдумот во источна Украина, на кој самопрогласените проруски територии и се приклучија на Русија.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите