Утрински Весник
Спорт

Три црвени картони и реми меѓу Елче и Ваљадолид

Три црвени картони и реми меѓу Елче и Ваљадолид

Елче и Ваљадолид одиграа супер интересн натпревар на стадионот „Мануел Мартинез Валеро“. На крајот по 115 минути игра немаше победник, резултатот беше 1:1.

dobivaj vesti na viber

Ваљадолид водеше од четвртата минута, кога Канаѓанецот Кајл Ларин погоди за 0:1. Ова беше трет гол на петтиот натпревар за Ларин, кој во јануари на позајмица дојде во Ваљадолид.

Елче израмни во 96.минута, преку својот најдобар играч Тете Моренте. Само две минути подоцна истиот играч имаше фантастична шанса за целосен пресврт, а возбудувањата не завршија тука.

Ваљадолид поради повредата на Мацис, во финишот влезе со играч помалку, а до крајот двајца играчи добија црвени картони Роке Меса и Мартин Онгла. Гостите со седум играчи во поле на крајот успеаја да останат непоразени.

Елче остана на последното место на табелата со само 13 освоени бодови, додека Ваљадолид е на 13. место со 28 бодови.

Можете да прочитате

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана

Ѓоковиќ: Синер ме разнесе, беше многу подобар од мене

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот