Утрински Весник
Македонија

Третманот на Јанкуловска и затвореничките во “Идризово” е дискриминирачки, утврди Комисијата за антидискриминација и бара решение за шест месеци

Истече и рокот: Одлука дали Јанкуловска е дискриминирана – нема, таа чека соодветен третман во „Идризово“

Комисијата за заштита од дискриминација констатирала дека Гордана Јанкулоска како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово“ во Скопје каде издржува затворска казна од 4 години.

dobivaj vesti na viber

Комисијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичката од женски пол.

Подносителката е ставена во понеповолна положба во однос на осудениците од машки пол во поглед на користење на дел од погодностите на осудените лица, пропишани со член 218 од Законот за извршување на санкции, е наведено меѓу другото во извештајот од Комисијата.

Од таму појаснуваат дека на Јанкулоска ѝ биле оневозможени посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.

Според оваа институција „станува збор за погодност која може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение“.

Комисијата има усвоено и препорака до Управата за извршување санкции, во соработка со други релевантни органи, во рок од шест месеци да подготват Акциски план со извори на буџетирање, за адаптирање, реконструкција и конструкција на установи од полуотворен и отворен вид за жени осуденички.

Инаку, Гордана Јанкуловска, осудена за случајот „Тенк“, издржува затворска казна во времетраење од четири години, од 28 септември 2020 година, во „Идризово“.

Можете да прочитате

Силјановска се сретна со Иванов

Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе ги потпиша првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Мицкоски од Дојран: Оставаа чевли пред македонската влада, а во седумгодишното владеење на СДСМ, бројот на чевли чии сопственици се иселиле е за 10 пати зголемен