Утрински Весник
Македонија

Трет правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан

20250306164928 Big 730x400 15.webp.webp

Третиот правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје, во пресрет на одбележувањето на 75-годишнината од Европската конвенција за човековите права. Форумот е организиран од АИРЕ Центарот (AIRE Centre), во партнерство со Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и Британската амбасада во Северна Македонија.

Форумот, како што велат организаторите, ги обединува домашните и меѓународните судии, обвинители, владини претставници и правни експерти со цел да дискутираат за улогата на правосудството во справувањето со родово-заснованото насилство и фемицидот.


На Форумот ќе учествуваат потпретседателката на Европскиот суд за човекови права,  судијката Ивана Јелиќ,  програмската директорка за Западен Балкан во АИРЕ Центарот, Билјана Брејтвеит и заменик-шефот на Мисијата на Британската амбасада во Северна Македонија, Даниел Филер. На Форумот, според најавата од организаторите, ќе говорат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков и специјалната претставничка на генералниот секретар на ООН и шефица на Мисијата на ООН во Косово, Каролин Зиадех.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола