Утрински Весник
Македонија

Трет ден активен пожарот на нискостеблеста шума во Липковско, нема опасност од проширување

20250626085250 big 730x400 73.webp.webp

Трет ден активен е пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираа  денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

На пожарот во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума екипите на „Национални Шуми“ интервенираат со моторни возила. Како што информираат од РЦУК, вработените од кумановската подружница успеале да го локализираат пожарот и да спречат да се прошири кон Лојане.


Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар на запалена сува трева, жито и лозје во атарот на селата Клечовце-Дозвезнце. Сува трева горела и кај улицата „Инудстриска“ во Куманово, ја гаселе пожарникари од ТППЕ Куманово кои исто така интервенирале и во семеен дом во градот, каде била опожарена кујна. 

Можете да прочитате

Мигрант од Камерун со туѓа француска лична карта сакал да излезе од Македонија

„Паднав на скалите, ме извлекоа во паника“ – потресно сведоштво на преживеан од пожарот во „Пулс“

Малолетници опожариле автобус во Радовиш