Утрински Весник
Спорт

Тренерот на Монако збесна: Јадете г..на

Тренерот на Монако збесна: Јадете г..на

Саша Обрадовиќ, тренер на Монако, полуде на своите играчи за време на тајм-аутот на натпреварот од Евролигата против Партизан.

dobivaj vesti na viber

На крајот гостите победија со 88:84, а Обрадовиќ имаше испад на паузата во втората четвртина.
Тој силно им замери на играчите за лошата одбрана и константаната комуникација со судиите.

Им се развика на англиски, гневот го комплетираше со пцуење на мајчин јазик: „ You complain about referee? (Се жалите на судиите?) Јадете г..на, по ѓаволите!“

Да напоменеме дека Обрадовиќ во тимот нема сонародници или играчи од Балканот, кои би можеле да разберат она што им го кажа.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство