Утрински Весник
Свет

Медведев се заканува: Украина ќе исчезне од мапата на светот

Медведев се заканува: Украина ќе исчезне од мапата на светот

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека никому не му е потребна Украина, па таа ќе исчезне и нема да биде на мапата на светот.

dobivaj vesti na viber

– Зошто Украина ќе исчезне? Затоа што тоа никому не му треба – изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија во објава на ВКонтакте.

Медведев во написот забележува дека Украина не им е потребна на Европа, САД, Африка и Латинска Америка, Азија, Русија и, конечно, „Украина на чело со нацистичката елита не им е потребна ниту на сопствените граѓани“.

– Никому на планетата Украина не му е потребна ваква. Затоа нема ни да постои – заклучи тој.

Можете да прочитате

Ле Пен: Погрешив што се спротивставував на двојното државјанство и истополовите бракови

Отпорноста на лекови би можела да убие 39 милиони луѓе во следните 25 години, предупредува СЗО

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“