Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Со прифаќање на различноста на секој од нас можеме да бидеме посилни како општество

Тренчевска: Со прифаќање на различноста на секој од нас можеме да бидеме посилни како општество

Само заедно со прифаќање на различноста на секој од нас можеме да бидеме посилни како општество. Македонија е мултиетничка и мултикултурна држава, токму оваа Влада од 2017 па наваму го промовира концептот – Едно општество за сите и токму тоа не прави уникатни“ изјави министерката за труд и социјална работа и политика Јованка Тренчевска, на конференцијата „ Различностите, благослов или проклетство“.

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека Владата верува во вредностите на толеранција и инклузија како и во можноста секој поединец да одлучува во општеството. Министерката посочи дека како социјал-демократска Влада политиките и законите ги креираат водејќи се од праведноста, еднаквоста и солидарноста.

„Министерството за Труд и Социјална Политика има големо портфолио на надлежности, а таму е проткаено и прифаќањето на различностите. Тука спаѓа и социјалната инклузија и лицата со попреченост, во нашата работа го земаме еднаквиот пристап кон сите граѓани“ посочи Тренчевска.

Таа го истакна и Законот за заштита и спречување од дискриминација кој што посочи дека е усогласен со сите Европски стандарди за да може да се обезбеди заштита на сите граѓани кои сметаат дека имаат нееднаков третман во општеството.

Можете да прочитате

Костадинов: Општина Струмица е подадена рака на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин

Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик не може да е ново лице во СДС