Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Системот за социјална заштита функционира, тоа го потврдуваат самите корисници на услугите

Trencevska.jpeg

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес го посети седиштето на граѓанската организација „АДРА” која ја воспоставува услугата помош и нега во домот во Општините Чаир, Бутел и Чучер Сандево. Министерството за труд и социјална политика оваа услуга преку „АДРА” ја испорачува 79 граѓани.

Тренчевска заедно со претставниците на „АДРА” посетија и корисничка на услугата во село Кучково, Општина Чучер Сандево. Корисничката Живка услугата ја добива 40 часа неделно односно 2 часа во денот.

„Ова е фактот за социјалната реформа со воведувањето на нови права и услуги кои даваат одлични резултати и им е потребна поддршка од социјална заштита а тоа го остваруваме преку услугата помош и нега во домот” истакна Тренчевска.

Услугата помош и нега во домот Министерството за труд и социјална политика ја спроведува преку Проектот за подобрување на социјалните услуги со поддршката на Светска Банка. Во моментот оваа услуга ја користат над 1500 лица, додека за нивна грижа се ангажирани повеќе од 500 лица.

Можете да прочитате

Празничниот анимиран филм за сите возрасти „Божиќната магија на животнитe“, во кината

СДСМ за „Адитив“: Бараме брза, транспарентна и темелна истрага, институциите да постапат без селективност

Нова линија на Туркиш ерлајнс: Охрид-Истанбул