Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Шведските искуства се позитивен пример за подобар пристап во заштитата на жените од насилство

Тренчевска: Шведските искуства се позитивен пример за подобар пристап во заштитата на жените од насилство

Делегацијата на Република Северна Македонија во Шведска предводена од Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посети Националниот центар за знаење за насилството на мажите врз жените на Универзитетот во Упсала.

dobivaj vesti na viber

Центарот се состои од единици за истражување, обука и образование и комуникација.

Преку нивната работа ги поддржуваат агенциите и Владата во нивната работа и спроведуваат обуки за студенти на ова прашање. Нивниот пристап во работата е интердисциплинарен формиран низ призмата на медицината, правото, социологијата, криминологијата, психологијата, родовите студии, јавното здравје и политичките науки.

Посетата имаше цел да ги продлабочи познавања за методите и начините на истражување и обуки со цел подобар пристап во заштитата на жените од насилство.

Претставниците од центарот ја информираа делегацијата за функционирањето на линиите за пријавување на насилството и за информирање на жртвите од насилство за начините на насилства. Тие посочија дека изминатата година биле услужени 44.678 лица преку линијата од страна на професионалци. Она што го истакнаа претставниците беше дека вакви линии има достапни како за жените така и за мажите. Исто така, тема на дискусија беше и менталното здравје на жените и поголемата застапеност на анксиозност и депресија кај жените што имаат претрпено насилство отколку кај жените што никогаш не биле соочени со таков предизвик.

Акцентот беше поставен на последиците по насилството и актите на насилство што ги трпат жените по излегување од врските. Како такви беа посочени економското насилство, говорот на омраза, психичкото насилство и демнењето.

Во фокус на дискусијата беше и унапредувањето на технологијата и начините на насилство, кои се зачестени во поновото време.

Студиската посета со поддршката на UN Women преку проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата еднаквост“ има цел да ги зајакне капацитетите на институциите во однос на прашањето за родовата еднаквост, соопштија од Министерството.

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара