Утрински Весник
Македонија

Тренчевска ја врати разрешената директорка, се пожали Стефковски

Тренчевска ја врати разрешената директорка, се пожали Стефковски
Ss2

Попладнево во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше за тоа дека Министерката за труд и социјална политика ја вратила разрешената директорка на ЈУДГ „Детска радост“ на чело на градинката.

dobivaj vesti na viber

Во објавата, Стефковски напиша: „Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда.

Ss1

Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.

Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба“, напиша Стефковски.

Ss1

Можете да прочитате

Состојба на патиштата – 24info.mk

Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност