Утрински Весник
Магазин

Трчач бил искасан до смрт од три ротвајлери: Го пронашле во парк со длабоки рани на лицето и рацете

Image25.webp.webp

Ротвајлери до смрт искасаа средовечен маж кој џогирал во близина на парк во Манзијана во неделата наутро.

Телото на трчачот било пронајдено околу 08:30 часот, а обидите да се реанимира биле неуспешни.

Пронајденото тело на мажот било со длабоки рани на лицето и рацете. Неговиот идентитет се уште не е утврден.

На местото на несреќата пристигнале полицајци, чувари на паркот, ветеринари и фаќачи на кучиња со пиштоли за шокирање, пишува Ил Месенџеро.

Според првичните информации, од куќа наводно побегнале три ротвајлери, а што точно се случило полицијата се уште истражува.

Можете да прочитате

Каде и како мозокот ги складира странските јазици

Што ќе јаде екипажот на „Артемис II“ на бродот?

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото