Утрински Весник
Свет

Трамп: Знаете што е смешно, а можеби и тажно, Бајден не се помилува себеси

20250109072402 Big 730x400 89.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Џо Бајден направил грешка што не си дал превентивно помилување пред да ја напушти функцијата.

„Овој човек одеше наоколу помилувајќи ги сите. А знаете, смешното, а можеби и тажното е што тој не се помилува себеси. И ако погледнете, сето тоа беше поврзано со него“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.


Трамп истакна дека можел да си даде помилување во 2021 година кога ја напуштал Белата куќа, но дека одбил, затоа што верувал дека не направил ништо лошо.

Во своето прво интервју еден на еден по враќањето во Белата куќа, Трамп предупреди дека Бајден добил „многу лош совет“.

„Џо Бајден има многу лоши советници. Некој го советуваше да ги помилува сите освен себеси“, нагласи тој.

Бајден ги искористи последните часови како американски претседател за да издаде неколку превентивни помилувања. Тој го помилува докторот Ентони Фаучи, кој го координираше одговорот на САД на пандемијата на коронавирус.

Фаучи беше обвинет од многу поддржувачи на Трамп за „обврската за носење маска“ и други политики за кои сметаа дека ги кршат нивните права. Дополнително, Бајден го помилува пензионираниот генерал Марк Мили, како и пет членови на своето семејство.

Можете да прочитате

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти