Утрински Весник
Свет

Трамп води со 95 електори, Харис со 35

Img 2648.jpeg

Според проекциите на Си-ен-ен, поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп ќе победи во сојузната држава Индијана.

Американските медиуми веќе објавија дека Трамп ги освоил Кентаки, Индијана и Западна Вирџинија, додека Камала Харис триумфираше во Вермонт.

Овие резултати беа очекувани, а засега нема изненадувања. Според актуелните проекции, Трамп има освоено 95 електори, додека Харис 35.

За конечна победа на претседателските избори потребни се најмалку 270 електори.

Можете да прочитате

До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници

Кина со порака до Трамп: Не мешајте се во нашата соработка со Москва

Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан