Утрински Весник
Свет

Трамп со план да прогласи вонредна состојба за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти

Tramp.webp.webp

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД со цел да ги искористи вооружените сили за спроведување на неговата програма за масовно протерување мигранти.

„Добра вест: според некои информации, администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да прогласи национална вонредна состојба како дел од програмата за масовно депортирање и да користи воени ресурси против масовната инвазија на Бајден“ на имигрантите што наводно ги дозволил претседателот во заминување, напиша на платформата на Трамп „Trut Social“, Том Фитон, директор на конзервативната организација Judicial Watch.

Трамп на таа објава на истата мрежа одговори: „Тоа е вистина“.

Во САД има околу 11 милиони илегални имигранти, а групите за човекови права се загрижени поради републиканскиот проект кон нив и почитувањето на владеењето на правото воопшто.

Доналд Трамп во април изјави дека Националната гарда – низа воени тела на секоја од американските држави поединечно – треба да може да ги протера.

„Ако тоа не се случи, ќе ја користам војската“, односно федералните трупи, изјави Трамп за магазинот „Тајм“.

Уставот му дозволува на претседателот да прогласи „општа вонредна состојба“ во вонредни ситуации.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ја искористи таа одредба во однос на јужната граница на САД за да добие осум милијарди долари од буџетот за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Можете да прочитате

Меланија Трамп  нема трајно да се сели во Белата куќа?

Акција „Моби Дик“: Во ЕУ 43 лица осомничени за мегаданочно затајување од 520 милиони евра

Германија го доби првиот од новите борбени хеликоптери за армијата