Утрински Весник
Свет

Меланија Трамп  нема трајно да се сели во Белата куќа?

F 35695065 1280 1024x536 1.jpg

Граѓаните на Америка кои очекуваа целото семејство Трамп, на 20 јануари, наредната година  да се врати во Белата куќа, беа изненадени од неофицијални информации, дека првата дама Меланија не планира трајно да се пресели во резиденцијата во Вашингтон, наменета за претседателското семејство, пренесува Си-Ен-Ен. 

Според неофицијални информации плановите на Меланија,  се уште не биле дефинирани и дека првата дама очекува повече автономија во однос на оној што го имала во првиот мандат на нејзиниот сопруг. 

Меланија Трамп се надева дека поголемиот дел од своето време ќе го поминува меѓу резиденциите во Њујорк и Флорида, и  дека ќе присуствува на сите „големи настани“ и дека ќе има своја платформа како и сите претходни први дами. 

Во првиот мандат таа се посвети на „анти-малтретирањето“, за што многумина ја критикуваа, со оглед на тоа што нејзиниот сопруг јавно ги линчува непријателите на социјалните мрежи. 

Ваквите навестувања особено се засилија дека се откако Меланија Трамп ја одби поканата на сегашната прва дама Џил Бајден за традиционален собир кој се организира пред секое мирно предавање на функцијата. И нејзиниот сопруг Доналд Трамп неволно ја прифати поканата за прелиминарни консултации, но тој сепак се појави на средбата со Џо Бајден,  која се одржува во  Овалната соба, на Белата куќа.

Можете да прочитате

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона

Падот на Асад ги доведе во неизвесност сириските бегалци во ЕУ

Израелската армија дојде на 25 километри од Дамаск