Утрински Весник
Свет

Трамп се огласи по пресудата на Врховниот суд: Голема и важна победа за Америка

D0b4d0bed0bdd0b0d0bbd0b4 D182d180d0b0d0bcd0bf D181d0b5 D0bed182d0bad0b0d0b6d0b0 D0bed0b4 D187d0bbd0b5d0bdd181d182d0b2d0bed182d0be D0b2 63dc39443cd41.jpeg

Kандидатот на Републиканската партија за претседателска номинација Доналд Трамп денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на САД, која му дозволи да остане на гласачкото ливче во Колорадо, претставува голема победа за Америка.

-Ова е голема победа за Америка. Многу, многу важна. Подеднакво важна за нашата земја ќе биде и одлуката што Врховниот суд наскоро ќе ја донесе за претседателскиот имунитет – без која функцијата на претседателот би станала само церемонијална, што е далеку од она што основачите сакаа, рече Трамп во изјава за Фокс њуз.

Тој додаде дека ниту еден претседател не може да функционира правилно и ефикасно без „тотален имунитет“.

-Нашата земја би била изложена на голем ризик, рече Трамп.

Врховниот суд на САД денеска едногласно застана на страната на поранешниот претседател, поништувајќи ја одлуката на државата Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговата наводна вмешаност во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Судиите на Врховниот суд одлуката ја соопштија ден пред утрешниот „супер вторник“, кога републиканците во 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30