Утрински Весник
Свет

Трамп сака Кина да „помогне“ во односите со Русија

Tramp si.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Кина да му помогне на Вашингтон во односите со Русија.

„Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, рече тој во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. „Би сакал да видам како Кина ни помага“.


Трамп додаде дека ќе размисли за намалување на царините за Бразил под соодветни околности.

Американскиот претседател ги даде изјавите на пат кон Малезија, каде што се очекува да присуствува на регионален самит.

Можете да прочитате

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор, се надевам на брза средба меѓу Путин и Зеленски

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран

Макрон утрово во Анкара го започна со трчање